in ,

WTFWTF Што?Што?

(Видео) Повторно хит на интернет – Авион се заглави под мост во Њу Делхи

Според Би-Би-Си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото.

Патнички авион на „Ер Индија“ се заглави под надвозник во индиската престолнина Њу Делхи.

Според Би-Би-Си, станува збор за авион што компанијата го продала и бил пренесуван по градските улици, но некој очигледно погрешно ја проценил висината на леталото. Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува како се отстранети крилјата на авионот, што е стандардна процедура кога станува збор за транспорт на авиони.

Новинарот Ашоке Рај, специјализиран за воздухопловство и воздушен транспорт, кој го објави видеото на „Твитер“, исто така ја сподели реакцијата на компанијата.

„Ова е нерегистриран, отпишан авион на Ер Индија, којшто беше продаден. Го транспортираа новите сопственици. Ер Индија нема никаква врска со овој настан“, објаснуваат од компанијата.

Видеото досега привлече илјадници луѓе, и сите се прашуваат како е воопшто возможен овој инцидент, пишува Би -Би -Си.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote