in ,

Што?Што?

Авионот со кој летала Мајли Сајрус го удрил гром

Авионот во кој пејачката Мајли Сајрус летала за Парагвај бил погоден од гром, поради што авионот принудно слетал.

Пејачката заминала за Парагвај заедно со семејството, тимот и бендот за да настапи на последниот концерт од нејзината јужноамериканска турнеја кога авионот во кој се наоѓаа го зафати невреме и морал принудно да слета.

– Нашиот авион го погоди големо неочекувано невреме и го удри гром. Мојата екипа, бендот, пријателите и семејството, кои патуваа со мене, се безбедни по принудното слетување – напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм, а подоцна сподели слика од оштетувањето на авионот, на која јасно се гледаат делови од уништените метални и изгорени траги.

– За жал, не успеавме да слетаме во Парагвај – изјави пејачката која требаше да настапи на вториот ден од фестивалот Асунсионико кој се одржува за прв пат по три години.

Организаторите на фестивалот, пак, потврдија дека Мајли нема да настапи на фестивалот.

Нејзиниот лет беше од Богота, Колумбија, каде неодамна настапи во рамките на нејзината турнеја „Attention“, а во последните недели пејачката се појавуваше и на фестивалите во Лолапалуза во Чиле и Аргентина.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote