in

ПРЕСТРОГА МЕРКА? Романскиот судија беше суспендиран бидејќи по натпреварот побара автограм на Халанд! [ВИДЕО]

Романскиот фудбалски судија Октавијан Совре нема да суди овој викенд на натпреварите во романското првенство, поради суспензијата што му ја даде романската фудбалска асоцијација затоа што тој побара автограм од норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд по дуелот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

Судијата беше снимен како трча по халанд по натпреварот, кој му даде автограм на казнените картони.

Романскиот дневен весник Газета Спортуилор наведува дека судијата го оправдал својот потег со изјава дека тој го сторил тоа многу пати и собрал повеќе од 250 автограми. Потоа ги донираше овие потпишани картички на аукции каде што се собираат средства за да им се помогне на аутистичните лица.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) спроведе внатрешна истрага и испрати порака до своите судиски екипи дека ваквото однесување е неприфатливо и недостојно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote