Идејата за летечки автомобил е главна тема во филмовите за научна фантастика, но по сите изгледи тоа може да биде реалност во многу блиска иднина. Во Словачка, спортски автомобил, со помош на неколку надргадби, полета и ни даде сигнал дека е можно да очекуваме летечки автомобили.
AirCar, името на новото возилo, тежи околу 1,100 килограми и може да носи тежина од 200 килограми со себе. За да полетаме со автомобил, услов е автомобилот да биде лесен и дизајнот да биде успешен. Тоа беше успешно за Словаците, а видеото од настанот може да го погледнете подолу:
„Mеханизмот на крилја и целиот систем е многу импресивен. Тоа му овозможува на автомобилот да се трансформира во авион. Кокпитот му дава доволно простор на возачот и добива одличен комфорт. Самата помисла на обичен автомобил да може да лета во иднина е фантастична.“ – изјави еден од надредените за овој проект.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…