in

Автомобил на Tesla се самозапали само три дена откако беше купен од салон!

Модерен автомобил на Тесла вреден 130 илјади долари се замозапали додека возачот беше зад воланот.

Овој немил инцидент се случи само три дена откако возачот го купил својот Тесла Модел С електричен автомобил. Најпрвин кога го забележал пламенот, возачот не можел да побегне бидејќи електричниот систем бил расипан, но успеал насилно да ја отвори вратата.

Возачот од Пенсилванија изјави дека најпрвин забележал како чад излегува од колата и потоа почнал да се шири пожарот. Локалните власти изјавија дека инцидентот бил забележан и дека се известени потребните органи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote