in

Автономни возила на британските улици веќе од оваа година!

Автономните возила ќе се појават на британските улици подоцна оваа година, објави британското Министерство за транспорт.

Таквите возила, кои можат да ја препознаат околината во која се наоѓаат и да се движат низ неа со многу малку или без човечка контрола, ќе бидат дозволени по побавни патишта и ќе достигнат брзина до 59 километри на час, соопшти Министерството.

Министерството посочува дека оваа технологија може да ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што ќе има помалку човечки грешки, кои сочинуваат 85 проценти од несреќите.

Технологијата за автономно возење во автомобили, автобуси и возила за испорака исто така може да го намали сообраќајниот метеж бидејќи сигнализацијата и возилата ќе комуницираат во живо, што ќе го направи сообраќајот побрз и ќе ги намали емисиите, според Министерството.

„Ова е огромен чекор кон безбедна употреба на автономни возила во Обединетото Кралство, што ќе го направи идното патување позеленето, полесно и посигурно“, рече министерката Рејчел Меклин.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote