in

СлаткоСлатко

За што сè е корисен витаминот Б12 и дали треба да го внесувате повеќе?

Pink pills forming shape to B12 alphabet on wood background

Овој витамин има важна улога во многу процеси во нашиот организам – од создавањето на црвените крвни клетки, па сè до подобрувањето на состојбата на косата и кожата.

Помага во формирањето на црвени крвни клетки

Црвените крвни клетки го разнесуваат кислородот од белите дробови до ткивата во телото, а витаминот Б12 помага во нивното формирање. Ако во телото има недостаток од овој витамин, може да се намали и бројот на црвени крвни клетки, со тоа предизвикувајќи еден вид анемија.

Анемијата може да се карактеризира со замор, проблеми со концентрацијата и сува кожа.

Иако постојат и други причини за појава на анемија, како обилно крвавење или недостаток на железо, во некои случаи, со соодветен внес на овој витамин може да се реши проблемот.

Нормално, ако забележувате симптоми на анемија немојте сами да си поставувате дијагноза и да пробувате да се лекувате, туку одете на лекар.

Може да ги ублажи симптомите на депресија

Не можете да ја лекувате депресијата со витамин Б12 и во овој случај секогаш треба да се консултирате со лекар.

 

Ја подобрува состојбата на косата, кожата и ноктите

Оптималното ниво на витамин Б12 во организмот има позитивно влијание врз состојбата на вашите коса, кожа и нокти. Сепак, имајте на ум дека ако не се соочувате со недостаток од овој витамин, земањето додатоци нема да направи голема промена.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote