in

Бадемово млеко: 7 причини зошто е здраво (РЕЦЕПТ)

Бадемовото млеко има голема содржина на неколку здрави хранливи материи, сепак, во споредба од целиот бадем, бидејќи е разредено, му недостасува поголем дел на растителни влакна.

Што е бадемово млеко?

Бадемовото млеко се добива со мешање на бадеми и вода и цедење на смесата за да се отстрани сувата материја. Може да се добие и со додавање на вода во путер од бадем.

Има пријатен, вкусен мирис и кремаста текстура која потсетува на обичното млеко. И од таа причина, бадемовото млеко е омилен избор на веганите и луѓето кои се нетолерантни на млеко и млечни производи.

Бадемово млеко можете да го најдете скоро во сите супермаркети, најчесто во делот за здрава храна. Сепак, тоа е многу лесно да се направи дома – Ако се прашувате како да направите млеко од бадем, на крајот од статијата има рецепт.

Комерцијалното бадемово млеко се продава во разни форми на вкусови и брендови. Од здравствени причини, најдобро е да изберете бадемово млеко кое не содржи дополнителен шеќер.

Многу комерцијални видови на бадемово млеко се збогатени со витамини, минерали и протеини. Ако не јадете млеко и млечни производи, може да имате корист од оние видови кои се збогатени со калциум.

Студиите ги поврзуваат целите бадеми со различни лековити својства, но многу од нив не можат да бидат поврзани со млекото од бадеми.

Ова е последица на цедењето на бадемовото млеко и фактот дека најчесто се прави од избланширани (без лушпа) бадеми. На овој начин се отстранува најголемата количина на растителни влакна и добар дел од антиоксидансите.

Покрај тоа, бадемовото млеко е разредено и е многу помалку концентриран извор на хранливи материи за разлика од целиот бадем.

Концентрацијата на хранливи материи во бадемовото млеко зависи и од количината на бадеми што се користи за негова подготовка, количината на вода и дали содржи додадени минерали и витамини.

На пример, околу 72гр. бадеми (86гр.) се користат за подготовка на една чаша (262гр.) домашно млеко од бадем, додека комерцијалното млеко од бадеми е обично многу разредено.

Ова се 7-те главни лековити својства на бадемовото млеко.

1. Бадемовото млеко е многу хранливо

Бадемовото млеко е одличен извор на витамин Б1, витамин Б2, витамин Е и магнезиум. Имајте во предвид дека сировите бадемите содржат фитична киселина која може да ја намали апсорпција на одредени витамини и минерали од дигестивниот тракт како железо, цинк, магнезиум и сл. Со потопување на бадемите во вода голем дел од оваа киселина се неутрализира така што во бадемовото млеко ја има многу малку.

2. Бадемовото млеко содржи многу малку калории

Иако бадемите се 50% составени од масти и се многу калорични, сепак бадемовото млеко е многу разредено со вода и содржи многу малку калории.

Една чаша бадемово млеко содржи само 39 калории што е помалку од половина споредено со калориите кои ги содржи кравјото млеко. Сепак како што квалитетот на бадемовото млеко зависи од тоа колку бадеми се употребени за да се добие една чаша бадемово млеко, така и бројот на калории ќе зависи од истото.

250 mlБадемово млекоКравјо млеко
Калории39102
Протеини1.55 g8.22 g
Масти2.88 g2.37 g
Јаглехидрати1.52 g12.18 g

3. Бадемовото млеко може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести

Многу студии потврдуваат дека редовното консумирањето на јаткасти плодови е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни болести. Тоа е така поради фактот што јаткастите плодови содржат витамин Е и здрави масти.

Бадемовото млеко содржи 1% масти, од кои 90% се незаситени. Најзастапена масна киселина е олеинската киселина која може да го промени профилот на мастите во крвта.

Една студија направена на здрави доброволци во времетраење од 6 недели докажала дека внесот на 66 g бадеми или бадемово масло дневно го намалува нивото на “лошиот” холестерол за 6 %, на триглицериди за 14 % и го зголемува процентот на “добриот” холестерол за 6% (15). Сето тоа се поврзува со намален ризик од појава на кардиоваскуларни болести.

Сепак кога е бадемовото млеко во прашање бидејќи е продукт со ниска масленост не можеме да кажеме дека ќе има значаен ефект врз липидниот статус. Позначајно за бадемовото млеко е тоа што е многу добар извор на витамин Е. Со само една чаша дневно задоволувате половина од дневните препорачани дози. Овој витамин е значаен затоа што ја спечува оксидацијата на липидите, а со тоа се спречува таложењето на мастите на ѕидовите на крвните садови и се намалува ризикот од појава на артериосклероза.

4. Бадемовото млеко не содржи лактоза

Ова млеко е одлично за вегани, но и за луѓе кои се алергични или интолерантни на лактоза.

Кај многу луѓе лактозата не се дигестира во доволен степен и предизвикува гасови, дијареја и непријатност во стомакот и цревата.

Многу е лесно да се направи бадемово млеко

Бадемово млеко е достапно скоро во сите продавници.

Меѓутоа, многу лесно може да се направи и дома. Потребен ви е блендер, вода и чаша бадеми.

Прво, се отстранува лушпата на бадемот. Ова можете да го направите на следниов начин – потопувајќи го бадемот во вода и оставајќи го да отстои од 8 до 12 часа или преку ноќ. Натопувањето ја омекнува лушпата на бадемот и овозможува лесно да се отстрани.

Потоа, ставете ги бадемите во блендер и додадете 4 чаши вода, мешајте додека не добиете изедначена смеса. На крај, исцедете ја целата смеса со помош на газа.

Рецепт за бадемово млеко

Свежо направеното бадемово млеко е многу подобро од готовите што се купуваат во продавниците, а преостанатата пулпа од бадем може да се користи за десерти или сосови слични на сирењето.

Што ви е потребно:

  • блендер
  • газа за цедење
  • 2 стаклени тегли (околку 1 л.)
  • 2 чаши сиров бадем
  • 6 чаши вода

Начин на подготовка:

Потопете ги бадемите и оставете ги да отстојат 18 часа, исцедете ги и извадете ја лушпата .
По потопувањето, бадемите малку ќе намекнат и набубрат.
Во блендерот додадете ги бадемите и водата во сооднос 1: 3. На пример, 1 чаша натопени бадеми и 3 чаши вода.
Измешајте добро. Потоа истурете ја содржината од блендерот Во газа за цедење. Исцедете и добро истискајте со рацете. Препорачливо е да го правите ова полека за да не направите хаос 🙂
Истурете го млекото во стаклена тегла и убаво затворете. Така приготвеното бадемово млеко може да го чувате 4 дена.
Преостанатата пулпа од бадеми можете да ја искористете за десерти или сос.

Уживајте!

Како да го користите бадемовото млеко?

Користете го ова растително млеко на сличен начин како и кравјото млеко.

  • за подготовка на овесна каша и други житарки
  • во кафе
  • во смути
  • за подготовка на слатки и колачи
  • за подготовка на здрави пудинзи
  • користете го како замена за млеко во колачи.

Луѓето кои имаат камења во бубрезите не треба да пијат бадемово млеко во прекумерни количини. Бадемовото млеко содржи калциум оксалат ,кој може да предизвика таложење на нови камчиња.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote