in

Баерн Минхен со „пола гас“ се најде во четврт-финалето од ЛШ

Роберт Левандовски повторно се запиша во листата на стрелците откако Баерн Минхен лесно се пласираше во четврт-финалето од Лигата на Шампионите со рутинска победа против Лацио.

Левандовски стрелаше од белата точка во 33тата минута од натпреварот откако беше направен прекршок над Леон Горецка. Ерик Макџим Чупо-Мотиг беше вториот стрелец за Баерн и ја зголеми предноста на 2-0 во вториот натпревар.

Почесниот погодок за Лацио го постигна Марко Пароло, но Баерн успеа да победи со вкупни 6-2 во двата дуели со италијанската екипа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote