Тимот на новиот претседател ќе има само една задача – да најде начин Америка да се бори против епидемијата на вирусот корона.
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден во неделата го назначи формирањето на 12-члена комисија како свој прв приоритет, кој ќе има само една задача – да најде начин Америка да се бори против епидемијата на коронавирус.
Анти-корона тимот на Бајден ќе го водат тројца копретседатели – поранешниот шеф на хирургија Вивек Мурти, поранешниот комесар за администрација за храна и лекови (ФДА) Дејвид Кеслер и докторката од универзитетот Јеил, Марсела Нуњез-Смит, наведуваат блиски извори до Бајден.
Се додава дека споменатите водачи на тимот имаат завидна биографија од областа на вирусологијата и дека тие ќе бидат одговорни за планот за контрола на болеста веднаш штом Бајден го преземе претседателското место во јануари следната година, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
Коментари
Loading…