in

Бејл стрелаше во победата на Тотенхем!

Герет Бејл го постигна својот прв погодок откако се врати во својот прв тим Тотенхем и и помогна на неговата екипа да го совлада Брајтон и да се искачи на второто место во Премиер Лигата. Во натпреварот полн со драми, Хери Кејн успеа да го постигне првиот погодок на мечот од белата точка, откако пеналот беше доделен по проверката од ВАР собата.

Тарик Лампти го постигна контраверзниот гол за изедначување во раната фаза од второто полувреме. Но напаѓачот од Велс го имаше последниот збор на натправарот и успеа да им донесе радост на навивачите на Тотенхем само 3 минути откако влезе во игра. Тоа беше негов прв гол за Тотенхем од 2013 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote