in

Бејл постигна хет-трик! Тотнем со лесна победа против Шефилд!

Герет Бејл со својот хет-трик му обезбеди комотна победа на Тотнем против веќе испаднатиот Шефилд Јунајтед.

Екипата од Лондон продолжува да се бори за место кое води во европските натпреварувања. Резултатот го отвори Бејл по 36 минути игра откако Орие одлично му асистираше.  Во второто полувреме Велшанинот постигна два брзи погодоци и го комплетираше својот хет-трик.

Последниот погодок на натпреварот беше дело на Кореецот Сон во 77 минута. Сон запиша и една асистенција при третиот погодок на Герет Бејл. Со оваа победа Тотнем моментално се наоѓа на само 5 бода до четвртата позиција која води во ЛШ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote