in

Што?Што?

Фрлиле голема количина на банани кои вределе МИЛИОНИ!

Работници на компанијата во Ердинг, недалеку од Минхен, фрлија кокаин во ѓубрето, чијашто улична вредност се проценува на еден милион евра.

Имено, тие не сфатија дека пакувањата наредени во кутии со банани содржат дрога, соопштија денеска царинските службеници.

Според официјалните лица, компанијата ја повикала полицијата на 10 мај за да извести дека работниците пронашле најмалку 4,5 килограми кокаин во контејнери за органски отпад.

Полицијата утврдила дека наркотиците ги фрлиле работници на друга компанија кои не провериле што има во „странските предмети“ завиткано во лента внатре во кутијата со банани.

Царинската служба објави дека кутиите пристигнале од Еквадор преку Холандија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote