in

Барселона испадна од Лигата на Шампиони!

Каталонците во вториот натправар во Лигата на Шампионите гостуваа на францускиот ПСЖ, но не успеаја да го повторат незаборавниот успех од 2017, кога надокнадија дури 4 гола разлика.

Овој пат натправарот заврши 1-1, но тоа никако не и одговараше на Барса, бидејќи во првиот загуби со високи 1-4. Французите поведоа во 31та минута преку голот на Ембапе, но само 6 минути подоцна Меси го возврати ударот со вистински проектил. Но во судиското надополнување токму Меси промаши пенал за Барселона.

Во второто полувреме Барселона се обидуваше да постигне гол, но не успеа и со тоа се збогуваше од Лигата на Шампионите оваа сезона.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote