in ,

Што?Што?

Барселона на чекор до шампионската титула

Каталонците апсолутно заслужено дојдоа до трите бода и тоа со пресврт, откако Араухо уште во деветтата минута ја затресе сопствената мрежа. Од тој момент домаќинот силно го нападна противничкиот гол, што вроди со плод пред самиот крај на првото полувреме, кога Серхи Роберто одлично погоди по еден карамбол во шеснаесетникот на „кралевите“. Во второто полувреме гостите ставија се на една карта, нападот, па во самиот финиш постигнаа гол преку Асенсио, кој им беше поништен од ВАР поради офсајд. Ова е прв погодок во историјата на „Ел Класико“ кој бил анулиран по интервенција на видео-судијата. Казната стигна брзо и тоа преку Френк Кеси во првата минута од судиското продолжение, по еден брз контранапад.

Барселона сега има 68 бодови, а Реал Мадрид 56, па ќе биде огромно чудо ако каталонскиот гигант на крајот не го подигне шампионскиот пехар во Ла Лига.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote