in

Барселона ја освои 31-та титула во Купот на кралот!

Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на кралот за 2021 година.

Барселона во финалето го совлада Атлетик Билбао со убедлив резултат 4:0.

Првиот гол во финалето се чекаше до 60. минута, кога Френки де Јонг убаво го проигра Антоан Гризман.

Само три минути подоцна, самиот Де Јонг им се придружи на стрелците за 2:0.

Поента ја стави Лионел Меси, кој постигна два гола за само четири минути. Аргентинецот беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот.

Уште еден погодок беше виден во 86-та минута, но Гризман беше во офсајд, одлучи ВАР.

Билбао беше поразен во две финалиња од Купот на кралот за само две недели, а Барселона го освои 31-от куп во ова натпреварување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote