in

Барселона подобра од Виљареал! Кикс на Атлетико кој може да ги чини титула!

Антоан Гризман беше херојот на Барселона, откако во два наврати ја затресе мрежата на противниците во интервал од 7 минути.

Барселона, и покрај тоа што губеше, успеа да го сврте натпреварот уште во првото полувреме, благодарение на расположениот Гризман кој постигна два гола. Со оваа победа играчите на Барса се доближија до својата цел, освојување на Ла Лигата. Каталонците имаат ист број на бодови со Реал Мадрид и 2 помалку од Атлетико, но со натпревар помалку.

Атлетико Мадрид киксна во гостувањето против Билбао, и со тоа можно е да ја загуби првата позиција во првенството, доколку Барселона победи во заостанатиот натпревар кој треба наскоро да го одигра.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote