in

Барселона се доближи на само еден бод до првата позиција!

Гигантот од Каталонија во рамките на Ла Лигата го пречека Реал Ваљадолид на домашен терен. Барселона се намачи да стигне до многу битна победа и единствениот гол на натпреварот беше постигнат во самата завршниц.

Осман Дембеле беше стрелецот на погодокот по одличната асистенција на Араухо. Со оваа победа, Каталонците сега се на втората позиција, а пред нив се наоѓа само Атлетико Мадрид кој има еден под повеќе.

Ова ја прави завршницата на сезоната подраматична, бидејќи во следните неколку натпревари најпрвин се игра популарното Ел Класико, а веднаш потоа Атлетико гостува на Камп Ноу.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote