in

Шпанскиот гигант се правда! Мислевме дека тоа ќе биде историска грешка!

Фудбалскиот клуб Барселона се огласи по повод новонастанатата ситуација поврзана со формирањето на Европската Супер лига.

Скоро сите поголеми клубови понудија објаснување и оправдување за нивното учество во овој проект, кој наиде на голем отпор кај спортската јавност.

Сега, Барселона издаде и официјално соопштение од кое може да се заклучи дека клубот сè уште не се откажал од оваа идеја.

„Барселона понуди да учествува во основањето на Суперлигата, натпреварување дизајнирано со намера да го зголеми квалитетот и привлечноста на производот што им се нуди на љубителите на фудбалот. Одлуката е донесена во согласност со нашето верување дека би било историска грешка да се одбие можноста да учествуваме во овој проект.

Во согласност со реакцијата на јавноста, сметаме дека е неопходна сериозна и длабока анализа на сè што се случи со цел да се преиспита целиот проект и евентуално да се преформулира оваа идеја “, се вели во соопштението на клубот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote