in

Барселона забележа победа во дербито против Билбао!

Екипата на Барселона славеше на гости кај Атлетик Билбао со 2:3 во одложениот натпревар од второто коло во Ла Лига и конечно врза две победи по ред на гости.

Победата над незгодниот Атлетик Билбао ги искачи каталонците на третото место на табелата со 31. бод, седум помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и два натпревари помалку.
Јунак во победата на Барселона беше најголемата ѕвезда Лионел Меси кој постигна два гола.

Но, натпреварот започна со водство на домашниот тим, Инаки Вилијамс погоди уште во третата минута. Барселона израмни во 14. минута преку голот на Педри, а до крајот на полувремето Меси донесе водство за каталонците.

Во второто полувреме, Меси повторно погоди, во 62. минута и тоа на асистенција на Антоан Гризман. Единствено што домашниот тим успеа да направи до крајот на натпреварот беше да го ублажи поразот преку Муниаин во 90. минута.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote