Рос Баркли го посвети својот победоносен погодок на медицинскиот персонал на Астон Вила откако екипата на Дин Смит успеа да ја задржи својата 100% низа од победи од почетокот на сезоната во Премиер Лигата во победата против Лестер. Натпреварот изгледаше дека ќе заврши без голови, но Баркли стрелаше успешно и им донесе нови 3 поени на Астон Вила.

Вила ги победи сите 4 натпревари што ги одигра во Премиер Лигата досега и тоа е прв пат да им појде за рака во 90 години. Баркли се приклучи на тимот по едногодишната позајмица од Челзи и сега има 2 погодоци во 2 натпревари за својот нов клуб.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…