Легендата на Баерн Минхен, Бастиан Швајнштајгер му понуди совет на неговиот поранешен репрезентативен селектор да ги врати играчите Жером Боатенг и Томас Милер доколку сака да ја врати Германија на победничките патеки. Крилото на Манчестер Сити постигна хет трик за Шпанија во натпреварот со Германија и ја посрамоти репрезентацијата на Јоаким Лев.

Швајнштајгер, кој забележа над 100 настапи за Германија пред да се пензионира во 2016, не го нападна Лев за поразот од 6-0, туку само му даде совет како да го реши проблемот. Меѓу другото поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен изјави: „Можете да бидете поразени од таква екипа, но не со резултат 6-0. Најмногу ме болеше тоа што не покажавме карактер. Шпанците беа супериорни во секој поглед. Мора да има некаква промена за да се вратиме на победите.“
Коментари
Loading…