in

Баерн Минхен има нов тренер! Нагелсман потпиша за Баварците!

Тренерот на РБ Лајпзиг Јулијан Нагелсман од следната сезона се сели на клупата на Баерн Минхен, стигна официјална потврда од клубот.

Младиот 33 годишен тренер ќе потпише договор со Баварците до 2026. Челниците на Баерн мораа да бараат нов тренер откако Ханси Флик ненадејно даде отказ. Флик се очекува да го наследи Јоаким Лев на клупата на репрезентацијата на Германија.

Баерн за услугите на Нагелсман ќе плати високи 25 милиони евра, што е рекордна сума платена за тренер во историјата на спортот. Наглсман беше под договор со Лајпзиг до 2023 години.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote