Баерн Минхен успеа да ја совлада Севиља во продолжението пред 20,000 навивачи на трибините во Будимпешта. Натпреварот се одржа во Пушкаш арената која има капацитет за 67,000 гледачи. Ова е прв голем натпреват во кој смееше да се игра пред публика после кризата предизвикана од коронавирусот.

Севиља успеа да постигне погодок прва во 13тата минута од белата точка, откако Лукас Окампос беше прецизен. Баерн преку Горецка успеа да изедначи пред полувремето при асистенција од Левандовски. Мартинез го постигна вториот и последен гол за Баерн во судиското продолжение и ја запечати победата на Баварците.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…