Германскиот Баерн Минхен стана нов светски клупски шампион, откако во финалето на првенството кое се одржуваше во Катар беа подобри од мексиканскиот Тигрес со минимална победа од 1-0.
Германците, заедно со овој трофеј, успеаја да освојат дури шест различни трофеи во изминатата година, вклучувајќи ги и трофеите на Лигата на Шампионите, Бундеслигата, германскиот Куп, германскиот Суперкуп и европскиот Суперкуп.
Коментари
Loading…