Актуелниот германски и европски шампион по само 26. минути игра имаше водство од 0:2, но на крајот го претрпе вториот пораз сезонава.
Баварците одлично го започнаа натпреварот, со головите на Роберт Левандовски во 20. минута од пенал и на Леон Горецка во 26. минута поведе до 0:2.
Во тие моменти изгледаше дека Баерн ќе забележи уште една рутинска победа и тоа против конкурент за највисок пласман, се случи пресврт. Домашниот тим до крајот на полувремето успеа да дојде до израмнување благодарение на Јонас Хофман кој во 36. и 45. минута го совлада Манел Ноер.
Коментари
Loading…