in , ,

Што?Што?

Германија: Баерн преговара со еден од најдобрите играчи на Ливерпул

Германските медиуми пренесуваат дека од таборот на Баерн Минхен влегле во преговори со фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане откако станале свесни дека играчот не е среќен со текот на преговорите со неговиот акуелен клуб околу продолжувањето на заедничката соработка.

Агентот на Мане, Бјорн Беземер зборувал со спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ околу можноста Сенегалецот да се пресели во Минхен ова лето.

30 годишниот офанзивец има договор со Ливерпул до 2023 година и доколку истиот не биде продолжен „црвените“ би можеле дас есогласат да го продадат ова лето.

Двата клуба се уште не влегле во преговори за играчот, но тоа би можело да се случи во следниот период, најверојатно по крајот на финалето од Лигата на шампионите.

Инаку, Хасан Салихамиџиќ неодамна најави дека во Баерн би можело да пристигне засилување кое би било изненадување за фудбалскиот свет, а токму трансферот на Мане би бил такво нешто.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote