in

Наскоро отворање воздушен базен помеѓу зградите во Лондон! [ВИДЕО]

Базенот, кој се протега од еден во друг станбен блок, повеќе од 35 метри над земјата и се вели дека е првиот пловечки базен во светот, наскоро треба да се отвори во Лондон.

Проѕирниот базен е долг 25 метри и се протега на растојание од 14 метри помеѓу два луксузни станбени блока во југозападен Лондон, 35 метри над земјата.

Базенот треба да биде отворен на 19 мај, а според извештаите, тој ќе може да го имаат само жителите на зградата и нивните гости.

Двособен стан во овие луксузни згради чини повеќе од милион фунти.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote