in

НАЈГОЛЕМОТО НОВОРОДЕНЧЕ? Бебе од шест и пол килограми! [ВИДЕО]

Корисничката на социјалната мрежа ТикТок објави дека родила дете кое тежело дури шест и пол килограми по раѓањето, а како што вели самата, во родилиштето немале пелени или облека за вакво новороденче.

Еден корисник на „ТикТок“ ги замоли мајките да ги споделат своите приказни за раѓањето големи бебиња. Меѓу бројните коментари се најде и мајка која роди бебе тешко шест и пол килограми.

На видеото прегледано повеќе од 28,8 милиони пати, една жена по име Шан сподели фотографија од нејзиниот син само неколку моменти откако го роди со помош на двајца лекари.

“Го родив мојот втор син со царски рез и со помош на двајца лекари. Тој тежеше нешто повеќе од шест и пол килограми. Беше долг близу 60 сантиметри”, вели Шан.

Таа додава дека нејзиното бебе било убедливо најголемо во породилната болница и дека и донеле облека за нејзиното дете за деветмесечни бебиња.

@shans1588

#stitch with @tawnee117 #greenscreen Meet my 14lb .06 oz baby boy!

♬ original sound – Shans1588

Потсетувајќи се на раѓањето на нејзиното второ дете, син кој денес има пет години и, како што вели Шан, обожава фудбал и бејзбол, таа вели дека лекарите не можеле да поверуваат во тоа и дека и рекле колку им е жал за страдањата низ кои поминала.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote