in

Бебе родено со антитела на коронавирусот!

Бебе со антитела на вирусот корона е родено во Бугарија затоа што нејзината мајка била заразена со вирусот во седмиот месец од бременоста.

Бугарското радио објави дека 28-годишна бремена жена доживеала предвремено породување со царски рез затоа што инфекцијата со ковид-19 предизвикала забавен раст на фетусот.

Лекарите рекле дека бебето е родено здраво, долго 46 сантиметри и тежина од 2,75 килограми, но во крвта имала антитела кон вирусот корона и дека мајката добро се опоравувала по раѓањето.

Досега во Бугарија се регистрирани 212.383 заразени лица, а вкупно починале 8.565 пациенти, вклучувајќи 82 смртни случаи регистрирани во изминатите 24 часа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote