in ,

ТаженТажен

Бебе старо само 23 дена поч ина во Загреб, се тврди дека било заразено со корона

Бебе старо само 23 дена поч ина на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб, јавија медиумите во Хрватска.

Трагичната вест ја објавија од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ.

Се утврдуваат сите околности на смртта, а по неопходната анализа на комплетната медицинска документација и евентуалните дополнителни процедури, јавноста ќе биде информирана за причините за смртта, стои во краткото соопштение од Клиниката.

Како што неофицијално дознава порталот 24сата, детето било позитивно на КОВИД, но болницата ги истражува причините за смртта, пренесува Дневник.хр.

Инаку, во вторникот наутро на Клиниката починала и мајка која била приклучена на апарат за кислородна поддршка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote