in ,

Што?Што?

Бразилка роди бебе тешко 7,3 килограми

Бразилката Клеидиана Сантос дос Сантос го родила синот Анџерсон на 18 јануари со царски рез.

Таа била примена во болницата „Падре Коломбо“ во Паринтинс поради рутински консултации, но лекарите тогаш сфатиле дека бебето е преголемо за мајката да го носи до полниот термин, па ја породиле со царски рез.

Анџерсон е во инкубатор – бебето е тешко 7,3 килограми и долго 59 сантиметри, а се верува дека е најголемото бебе родено во Амазонас, една од 26-те сојузни држави во Бразил.

И мајката и детето се во добра здравствена состојба, пишува Дејли Мејл

Во Бразил рекордот за најголемо бебе го држи Адемилтон дос Сантос, кој е роден со царски рез во 2005 година. Тој тежел 8 килограми.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote