Рижото е јадење што може да се послужи како предјадење, главно јадење или гарнир. Се служи со различни видови риби, морски плодови, пилешко, и оди добро со зеленчук, особено со печурки.
Состојки:
- 400 гр ориз
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица путер
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1 парче корен од целер
- 2 дл бело вино
- 1 литар врела супа од коцка
- со по вкус
За крај:
- 1 лажица путер
- 40 гр рендано пармезан
- 1 лажица сецкани лисја од магданос
Подготовка:
Динстајте во маслиново масло и путер, кромид, лук и ситно исечен корен од целер. Додадете го оризот и пржете сè 2-3 минути, додека оризот стане стаклен.
Истурете го виното и варете го на тивок оган мешајќи додека не испари течноста. Во оризот додадете лажица претходно подготвена топла супа и лесно промешајте. Кога оризот ќе ја апсорбира целата течност, додадете друга лапа супа додека мешате, сè додека не зоврие и оваа течност. Повторете ја целата постапка во следните 15 минути или така додека не ја потрошите целата супа и додека не омекне оризот. На крајот на готвењето, треба да ја проверите цврстината на оризот што е можно почесто, за да не се превари. Важно е да не се забрза целиот процес и да не се истура повеќе супа одеднаш, туку да се прави постепено.
Извадете го рижото од оган и додадете го ренданиот пармезан и стопениот путер, што му дава убав и посебен „вкус“ на рижото. Промешајте сè и оставете го да стои неколку минути пред да го сервирате.
Наросете со сецкани лисја од магдонос и сервирајте.
Коментари
Loading…