in

БЕЛ РИЗОТО: Совршено кремаст и сочен ориз што може да биде како предјадење, главно јадење или гарнир

Рижото е јадење што може да се послужи како предјадење, главно јадење или гарнир. Се служи со различни видови риби, морски плодови, пилешко, и оди добро со зеленчук, особено со печурки.

Состојки:

  • 400 гр ориз
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 парче корен од целер
  • 2 дл бело вино
  • 1 литар врела супа од коцка
  • со по вкус

За крај:

  • 1 лажица путер
  • 40 гр рендано пармезан
  • 1 лажица сецкани лисја од магданос

Подготовка:

Динстајте во маслиново масло и путер, кромид, лук и ситно исечен корен од целер. Додадете го оризот и пржете сè 2-3 минути, додека оризот стане стаклен.

Истурете го виното и варете го на тивок оган мешајќи додека не испари течноста. Во оризот додадете лажица претходно подготвена топла супа и лесно промешајте. Кога оризот ќе ја апсорбира целата течност, додадете друга лапа супа додека мешате, сè додека не зоврие и оваа течност. Повторете ја целата постапка во следните 15 минути или така додека не ја потрошите целата супа и додека не омекне оризот. На крајот на готвењето, треба да ја проверите цврстината на оризот што е можно почесто, за да не се превари. Важно е да не се забрза целиот процес и да не се истура повеќе супа одеднаш, туку да се прави постепено.

Извадете го рижото од оган и додадете го ренданиот пармезан и стопениот путер, што му дава убав и посебен „вкус“ на рижото. Промешајте сè и оставете го да стои неколку минути пред да го сервирате.

Наросете со сецкани лисја од магдонос и сервирајте.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote