Во рамките на првото коло од квалификациите за Светското Првенство кое треба да се одржи во Катар 2022 се сретнаа екипите на Велс и Белгија. Велшани поведоа во раната фаза од натпреварот преку одлична тимска акција која успешно ја заврши Хари Вилсон.
Но одговорот на белгиските репрезентативци беше совршен и го вратија натпреварот во сопствена полза уште во првото полувреме преку погодоците на Де Брујн и Торган Хазард. Во второто полувреме Лукаку од белата точка го постави конечниот резултат 3-1 и ѝ ги донесе на Белгија првите 3 бода во квалификацискиот циклус.
Коментари
Loading…