in

Бен Афлек во солзи на медениот месец во Париз (фото)

Бен Афлек се расплака на роденденската вечера по повод 53-от роденден на Џенифер Лопез, а тоа го забележаа и папараците.

 

Фотографите успеаја да го доловат моментот кога Џенифер му ги бришеше солзите на Бен од лицето додека разговараа, а потоа двајцата се прегрнаа.

Џенифер беше облечена во црн тесен фустан носејќи ѓердан со бисери. Пејачката изгледа совршено во шестата деценија од животот.

Брачниот пар Афлек моментално ужива на меден месец во Париз, по венчавката во Лас Вегас.

Со нив се и нивните деца од претходните бракови. Бен има три деца од бракот со актерката Џенифер Гарнер, а Џеј Ло има близнаци – син и ќерка од бракот со Марк Ентони.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote