in

Бенкси продава слика на аукција и целата сума ја донира во болници!

Уметникот Бенкси се надева дека ќе собере повеќе од три милиони фунти за Британската национална здравствена служба (НХС) со лицитација на неговото уметничко дело, кое мистериозно се појави во холот на Ургентниот центар на болницата во Саутемптон на почетокот на пандемијата, и му оддаде почит на медицинскиот персонал.

Платно наречено „Game Changer“, со големина од еден квадратен метар, покажува момче кое си игра со својот омилен суперхерој, кукла во форма на медицинска сестра, додека Спајдермен и Бетмен се фрлени до него во ѓубре.

Сликата се појави во болницата за време на првиот бран на пандемијата Covid-19, и гласи: “Ви благодарам за сè што правите. Се надевам дека ова мое дело барем малку ќе го разубави ова место, иако тоа е претежно во црно и бело.”

Бенкси сега го продава оригиналното платно на аукција за да собере средства за британскиот NHS, а репродукцијата на делото ќе остане во болницата.

Сликата се проценува дека вреди помеѓу 2,5 и 3,5 милиони фунти.

Аукцијата е на 23 март.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote