Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше вклучен во составот на Франција за престојното Европско Првенство.
Веста ја пренесоа многу угледни спортски новинари и сега е сигурно дека Карим Бензема ќе го облече дресот на репрезентацијата за прв пат по шест години. Тој не настапил за својата држава од 2015 година, откако беше вмешан во скандал со неговиот сонародник Ваљбуена.
Поради тој скандал, Бензема ги пропушти Европското Првенство во 2016 и Светското Првенство во 2018, во кое Франција стана светски првак. Тренерот на Французите, Дидие Дешамп изјави дека Бензема е добро засилување за репрезентацијата.