in ,

Што?Што? ТаженТажен

Долги редици на сите бензински во Скопје, возачите итаат да наполнат поевтино гориво

На секоја бензинска пумпа во Скопје вечерва можат да се забележат долги колони возила, по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за големо поскапување на горивата. Слични сцени имаше и во март, кога цените стигнаа до речиси 100 денари за литар гориво.

Одлуката на РКЕ дојде откако Владата на својата денешна седница не ги продолжи антикризните мерки донесени во март, со кои, меѓу другото, и цените на горивата беа пониски.

Со поскапувањето од девет денари по литар, заштедата на цел резервоар од 60 литри е 540 денари.

Бензинот БС-95 од полноќ ќе се продава за 104 денари за литар, додека литар бензин БС-98 ќе чини 106,5 денари, што се историски највисоки цени.

Литар дизел од полноќ ќе чини 95 денари, а екстралесното масло за домаќинства ќе се продава за 93 денари по литар.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote