in

ПРИСТИГНУВА НЕШТО РАЗЛИЧНО: Беспилотните летала веќе нема да бидат исти, Турците најавуваат револуционерна промена.

Софтверската компанија работи на голем проект.

Турска приватна компанија соопшти дека развила софтвер базиран на вештачка интелигенција за беспилотни летала.

Првиот човек на компанијата изјави дека тие го развиле софтверот по четири години истражување, а технологијата може да се користи и на фиксни и на ротирачки платформи на беспилотни летала.

Турската влада објави дека во идниот турски концепт за беспилотни летала ќе се користат роеви беспилотни летала, пред се заради ниските трошоци за хардвер и стелт технологијата.

  • Овие беспилотни летала би можеле да бидат идеални во асиметрично војување. Тие се брзи, ефективни и лесни за ракување – рече официјалното лице.
  • Што е најважно, тоа се средства наменети за минимизирање на човечките загуби – додаде неименуван извор.

Турската армија управува со голема флота тактички и вооружени беспилотни летала, пред се во борбата против Курдите во турските провинции на југоисток, но и во северна Сирија и Ирак.

Турските беспилотни летала се користат и во либиската граѓанска војна и, неодамна, во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан.

Многу земји сè уште не ја тестирале технологијата на беспилотни летала во симулирана, контролирана средина. Турција е меѓу оние кои имаат технологија и можност да ја тестираат на терен за време на операциите.

AI технологијата може да помогне во забележување на елементи што човечкото око не може да ги забележи.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote