in

WTFWTF

Без руски обележја и во Формула 1!

Одлуката на Арбитражниот суд за спорт, со која се забранува Русија да учествува во следните две години со своите спортисти со национални симболи, ќе важи и за Светското првенство во Формула 1.

Така, дебитантот во карванот, рускиот возач Никита Мазепин, кој ќе вози за Хас, ќе се натпреварува под неутрално знаме оваа и следната сезона. Исто така, руската химна нема да се игра на настаните во Формула 1. Возачите од Русија ќе можат да се нарекуваат „независни спортисти од Русија“.

Сепак, трката во Сочи засега е на календарот, се разбира без национални симболи, и покрај фактот дека Русија, како последица на одлуката, веќе започна да ја губи организацијата на некои спортски натпревари. Организаторите на трката објавија кога беше донесена првичната пресуда на ВАДА во декември 2019 година дека договорот важи до 2025 година и дека очекуваат трките да се одржат во Сочи во наредните години.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote