in

Четворица бездомници во Франција добија 50.000 евра на лотарија!

Четворица бездомници добија 50.000 евра на билет за лотарија што им го дал гостин на излез од кафеана во Бретања на западот на Франција, соопшти денеска француското тело задолжено за игри на среќа.

Бездомниците проселе пред еден бар во Брест кога излегол еден клиент и им го подарил лото ливчето, кое чинело едно евро.

Францускиот орган наведува дека биле навистина среќни кога дознале за профитот, кој го поделиле на 12.500 евра за секого.

„Тие беа крајно изненадени, но јасно размислуваа“, се наведува во соопштението, во кое не е прецизирано како бездомниците ќе ги потрошат парите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote