in

Безос купува јахта која чини вртоглави 500 милиони долари!

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос ќе ја купи јахтата која е една од најголемите во светот, пренесуваат светските медиуми.

Јахтата која Безос ја купува е долга неверојатни 127 метри и на нејзе има свој хелидром и своја сопствена помала јахта! Цената на јахтата, без онаа помалата која се наоѓа на нејзе, изнесува астрономски 500 милиони долари.

Бродот е именуван „Проџект 721“ и негов производител е холандска компанија. Оваа сума на јахтата не е ништо за сопственикот на Амазон, бидејќи според последните податоци неговото богатство се проценува на неверојатни 200 милијарди долари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote