in

БЕЗСМИСЛЕНИ МЕРКИ? Странските туристи слободно шетаат во Шпанија, локалното население гневно ги гледа бидејќи тие не можат да се движат никаде!

Воведените мерки за спречување на ширење на вирусот корона во Шпанија им овозможуваат на странските туристи да доаѓаат на популарните туристички дестинации во таа земја, наместо на шпанските граѓани.

Според овие правила, на шпанските граѓани им е забрането да се движат меѓу регионите, особено за време на велигденските празници од 26 март до 9 април, сепак, овие правила не важат за странските туристи, кои можат да патуваат во Шпанија каде што сакаат ако имаат негативен PCR тест.

Заради тоа, се наведува, Шпанците бесно гледаат илјадници Французи и Германци кои пристигнуваат на популарните дестинации, ги исполнуваат плажите и минуваат време во главните градови на Пиринејскиот полуостров.

„Нека ми каже некој зошто не можеме да ги посетуваме старите, и дека Французите можат да летаат до Мадрид за да се опијанат“, рече популарниот готвач и ТВ личност Карлос Агињано.

Минатата недела во медиумите се појавија снимки од млади Французи кои пијат и се гушкаат и организирани 227 приватни забави чии учесници беа претежно странци.

За разлика од Мадрид, каде претежно се француски туристи, на Балеарските острови доминираат Германците. Водителот на радио Исаис Лафуенте вели дека германските туристи доаѓаат на Балеарските острови од оние области каде состојбата е четири пати полоша отколку на Балеарските острови.

Поради зголемениот гнев кај локалното население, шпанската министерка за здравство, Каролина Дарија, вели дека Шпанците имаат право да патуваат каде што сакаат во ЕУ без ограничувања.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote