Искусниот менаџер Сем Алардајс е наследникот на Славен Билиќ на местото менаџер на Вест Бромвич Албион!
Алердајс потпиша договор на 18 месеци, првиот тренинг со играчите на овој клуб ќе го има во четврток, додека неговото деби на клупата е в недела против Астон Вила.
„Биг Сем“ ќе ја води екипата со својот долгогодишен соработник Семи Ли.
За време на неговата кариера, Алардајс ги предводеше Болтон, Вест Хем, Сандерленд, Кристал Палас и Евертон во 2018 година – што воедно беше и неговата последна тренерска функција.
Со ВБА ќе има тешка задача да се бори за опстанок во Премиер лигата, со оглед на тоа што во моментов се претпоследни со само седум бода од 13 натпревари.
Коментари
Loading…