in

СлаткоСлатко

Бил Гејтс стана дедо, доби внука од постарата ќерка

Ќерката на  на Мајкрософт, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Наџел Насар станаа родители на девојче.

„Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од нејзиниот стомак. „Благодарна“, напиша тогаш таа со фотографија на која позира со својот сопруг.

Џенифер и Насар се во брак од октомври 2021 година. Свадбата беше во Вестчестер. По повод првата годишнина, Џенифер му посвети емотивна објава на својот сопруг.

„Пред 365 дена се обврзавме засекогаш. Нашата венчавка беше најнеземната, магична прослава, но да се биде во брак е уште подобро. Благодарни сме што можеме да ги оживееме овие спомени денес“, напиша таа.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote