in ,

WTFWTF Што?Што?

Билет од дебито на Мајкл Џордан во НБА лигата продаден е за 468 илјади долари

Неискористениот билет од дебитантскиот настап на Мајкл Џордан во НБА лигата е продаден на аукција за 468.000 долари.

Мајкл Кол, кој купил билети пред 38 години, не можел да најде никој да му се придружи на натпреварот кој се одигра на 26 октомври 1984 година во Чикаго, па еден билет останал неискористен.

„Неверојатно сум среќен со исходот и на некој начин ми олесна што е готово“, изјави Кола за Чикаго Сан Тајмс.

Кол платил 8,5 долари за билет. Едниот го искористил за да присуствува на натпреварот, а другиот го чувал во својата архива.

Ова е единствената недопрена карта позната од дебито на Мајкл Џордан, веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote