in

СмешноСмешно Што?Што?

Поради Бил Гејтс, цените на недвижностите во Турција вртоглаво пораснаа!

Неодамнешните гласини дека американскиот милијардер Бил Гејтс купил 22.000 хектари земјоделско земјиште во Тракија, предизвикаа зголемување на бројот на земјопоседници да се обидат да ги продадат своите имоти на превисоки цени, особено на Турците кои живеат во странство, објави „Дејли Сабах“.

Исто така, се наведува дека цените скокнале на 8.000 евра по парцела.

Шпекулациите што го поврзуваат коосновачот на „Мајкрософт“, еден од најбогатите луѓе во светот и земјата во Тракија, европскиот дел на Турција, првпат се појавија на социјалните мрежи и на локалните портали.

Според тие извештаи, турското Министерство за земјоделство и шумарство соработувало со фондацијата Бил и Мелинда Гејтс во развојот на земјоделството.

Сепак, се чини дека нема записи и податоци во регистрите за земјиште на градовите Одрин, Текирдаг и Керкларели во Тракија под името Гејтс или Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, се наведува во весникот.

И агентите за недвижнини и експертите ја предупредуваат јавноста да не биде жртва на шпекулации, кои наводно ги разгореа оние кои инвестирале во регионот за да ја зголемат вредноста на нивното земјиште, пренесува Спутник Интернешнл.

„Шпекулантите тврдат дека луѓето ќе бидат соседи на Бил Гејтс ако купат земјиште во Тракија. Но, она што се зборува за Бил Гејтс се само гласини. Оние што претходно инвестирале тука, имаат потреба од вакви гласини за да ги зголемат цените. Тоа е начин да се оживее пазарот на недвижнини, кој стагнира, особено поради пандемијата “, изјави градскиот планер Намик Кемал Доленекен.
Турското Министерство за земјоделство и шумарство исто така ги негираше тврдењата дека Бил Гејтс купил земјоделско земјиште во регионот на Тракија, објави порталот Т24.

За сето ова се дискутираше и во турскиот парламент, кога опозицискиот пратеник го праша Министерството за земјоделство и шумарство дали постигнал договор со добротворната фондација Бил Гејтс.

Министерството призна дека претставниците на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ја посетиле Турција на 9 декември 2018 година за да разменат идеи за можна соработка.

Медиумите откриваат зошто Бил Гејтс стана најголем сопственик на земјоделско земјиште во Америка

„Ниту еден документ или договор не е потпишан. Не е постигнат договор за соработка со таа фондација. Нема соработка ниту со фондацијата “, додаде турското министерство.

Да потсетиме, според извештајот на американското списание „Land Report“, Бил Гејтс е сопственик на најголемиот земјоделски имот во Америка.

Неговите средства се проценуваат дека вредат повеќе од 690 милиони долари (590 милиони евра).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote