in

Билапс нов тренер на Портланд Трејлблејзерс

Поранечниот кошаркар Чонси Билапс беше назначен за главен тренер на екипата на Портланд Трејлблејзерс.

Билапс оваа сезона ја помина во тренерската екипа на тренерот Тајрон Лу во ЛА Клиперс. Портланд Трејлблејзерс го отпуштија нивниот поранешен тренер по поразот од Денвер Нагетс во првата рунад од плеј-офот на НБА.

Билапс за прв пат во неговата кариера ќе води некоја екипа и Портланд се надева дека ќе им помогне да напреднат и да бидат конкуренти за титулата. Билапс е поранешен НБА шампион и има пет настапи во Ол стар натпреварите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote