in ,

Бисквити со ореви

Бисквити кои се топат во уста и идеална конбинација со кафе или чај.

Потребни состојки:

  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр шеќер
  • 300 гр острo брашно
  • 170 гр путер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки, и направете по тврдо тесто. Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.

Обликувајте го тестото во мали топчиња. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и притиснете ја секоја топка со задниот дел од лажицата.

Ставете го плехот во загреана рерна и печете на 200 степени околу 10 минути.

Посипете со шеќер во прав по желба или прелијте со растопено чоколадо.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote